
ФОТО | Стивен Сигал пристигна во Белград: Актерот „уловен“ во трговски центар со познат естраден пар
Познатиот холивудски актер Стивен Сигал слета во Белград, каде што ќе започне со снимање на својот нов акционен трилер „Ред на змејот“ (Order Of The Dragon) кон средината на септември. Премиерата на филмот е закажана за 2026 година, а проектот го режира наградуваниот хрватски режисер Вјекослав Катушин, пишуваат српските медиуми.
Препорачано
Снимањето ќе се одвива на неколку атрактивни локации во Белград, а како што најавиле продуцентите, овој филм ќе ја врати публиката во златното доба на акционите филмови во 80-тите и 90-тите, што го направи Сигал светска ѕвезда.
Во филмот ќе глуми и импресивна меѓународна екипа, што дополнително го разгорува интересот.
Сигал веќе привлекол внимание во Белград – се појавил во трговски центар во друштво на Данијела Кариќ и Иван Милеусниќ, а нивната средба беше забележан со заедничка фотографија на Инстаграм.
Инаку, парот Данијела и Иван, кои е во среќен брак од 2019 година и имаат две деца, не го криеле своето воодушевување поради дружењето со познатиот актер.
Да потсетиме, Сигал стекна глобална популарност со улоги во филмови како „Под опсада“ (Under Siege) и „Тешко е да се убие“ (Hard to Kill), а новиот трилер го означува неговото големо враќање на големото платно по шестгодишна пауза.
Стивен Сигал ќе глуми во филм на хрватски режисер: Сцените ќе се снимаат во Белград
ВИДЕО | Стивен Сигал присуствуваше на парадата во Москва: Актерот е долгогодишен поддржувач на Путин