Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ФОТО | Среќен 57. роденден Салма Хаек: Актерката во огнено црвено бикини слави на плажа

Холивудската актерка Салма Хаек наврши 57 години и роденденот го одбележа со фотографии од плажа.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Многу сум среќна што сум жива и толку благодарна за сè со што сум благословена! Моето сакано семејство, моите драги пријатели, моето здравје, мојата работа, мојот тим, мојот однос кон животните и природата и љубовта на сите мои верни обожаватели… Среќен да ми е 57-миот роденден“, напишала таа заедно со фотографиите во костим за капење кои им се допаднаа на 1,3 милиони луѓе.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Салма со години восхитува со својот изглед, а во една прилика откри дека практикува јога за да ја одржи фигурата.

„Некои луѓе се дисциплинирани, па вежбаат наутро. Јас никогаш не ја развив таа навика. Немам време за вежбање. Работам“, рекла таа, откривајќи дека наместо тоа одвојува време во текот на денот за хатха јога, која се состои од низа положби кои помагаат да се опушти телото преку медитација и техники на дишење.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во јануари 2020 година, на новинарско прашање за стареењето, 55-годишната ѕвезда коментираше дека чувствува мал притисок, но се надева дека нема да се разочара со годините.

„Пластични операции сигурно нема да правам. Треба да се старее грациозно и достоинствено“, заклучила таа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Салма од 2019 година е во брак со милијардерот Франсоа-Анри Пино, со кого ја има 15-годишната ќерка Валентина Палома Пино.

ФОТО | Селма Хаек воодушеви во розов костим за капење: Божествена, свежа и природна!

ФОТО: Селма Хаек на градите истетовира големи цветови, сончогледи!

ВИДЕО | „Цензурирано“: Селма Хаек со секси танц ги збудали фановите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот