Една од забавите на Диди во 1999 година, на која присуствувал и Леонардо ди Каприо / Фото: Profimedia

ФОТО | Среде судењето испливаа нови фотографии од злогласните забави на Диди: Меѓу гостите Каси Вентура, Канје, Ким Кардашијан, Кејт Мос…

Додека Шон Диди Комбс сè уште е во правната битка на својот живот, повторно испливаа фотографии од неговата дива ноќ со познати личности на Ибица, Шпанија, 10 години откако тој се обидел да ги избрише од интернет, пишува „Дејли мејл“.

Имено, контроверзниот рапер – сега обвинет за низа развратни злосторства – објавил фотографии од забавата на 1 август 2014 година на социјалните мрежи, но набрзо ги избришал, според повеќе извештаи во тоа време.

Меѓу ѕвездите кои присуствувале на забавата – во чест на модниот дизајнер Рикардо Тиши на неговиот 40-ти роденден – присуствувале и тогашната девојка на Диди, Каси Вентура, и тогашните младенци Канје Вест и Ким Кардашијан. Присутен бил и Џастин Бибер, кој во тоа време имал само 20 години.

Супермоделите Кејт Мос, Наоми Кемпбел и Кендал Џенер; актерите Зак Ефрон и Џаред Лето; како и ѕвездите на ријалити-шоуата Крис Џенер и Парис Хилтон го заокружија списокот на гости во луксузниот објект.

Фотографиите од забавата може да ги видите ТУКА.

Инаку, на судењето во понеделник еден сведок се јави да сведочи против Комбс, додека Каси во вторникот сведочеше за своите мрачни искуства со трикратниот добитник на Греми со години како негова партнерка.

„Ме удираше по главата, ме влечеше, ме шутираше, ме газеше по главата ако бев на подот“, рече Вентура, која на судењето дојде бремена.

Вентура, исто така, зборуваше пред судијата за озлогласените забави „фрик офс“ каде што Диди наводно сексуално напаѓал машки и женски жртви и ги снимал без дозвола. Раперот ја запознал Каси со овие озлогласени забави кога имала 22 години. Во тоа време, рекла таа, била многу „сексуално неискусна“, а понекогаш ѝ се чинело дека раперот „ја излудува“ затоа што не му возвраќала на „орален секс“.

Поранешната на Диди чека трето дете со сопругот: Радосната вест ја објавија неколку месеци по шокантните тужби против реперот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот