Фото: Инстаграм/Емили Балдони/Блејк Лајвли

ФОТО | Среде драмата со Блејк Лајвли: Се огласи сопругата на Џастин Балдони и јасно покажа на чија страна е!

Емили Балдони, сопругата на режисерот и актерот Џастин Балдони, се огласи на социјалните мрежи првпат откако актерката Блејк Лајвли поднесе тужба против него за сексуално вознемирување.

Освен тоа, Лајвли го обвини својот колега и за организирање кампања за оцрнување со цел да го уништи нејзиниот углед. Набргу потоа, Балдони поднесе тужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, исто така, за „оцрнување“.

Откако Лајвли ја поднесе тужбата против Балдони, неговата сопруга не објавуваше ништо на социјалните мрежи. Сепак, сега се огласи по повод посебен ден – роденденот на актерот. Сопругата на актерот сподели фотографија на која тие си разменуваат бакнеж пред океанот.

На фотографијата, тие позираат и со нивните деца, Маја и Максвел.

„Среќен роденден, љубов моја. Денеска те славиме тебе – како човек, сопруг и татко. Би те избрала секој пат“, напиша таа накратко.

Фото: Инстаграм/Емили Балдони

Балдони овие денови, освен што поднесе тужба против Лајвли, возврати и со друг потег. Неговиот адвокат, Брајан Фридман, јавно објави десетминутно видео кое го прикажува снимањето на сцената со бавниот танц за филмот „Ова завршува со нас“ („It Ends With Us“), во која учествуваат актерите. Токму оваа сцена Лајвли ја спомна во својата тужба, наведувајќи дека Балдони сексуално ја вознемирувал. Адвокатот на Балдони, пак, сакал да докаже дека актерот не ја вознемирувал својата колешка.

„Спорната сцена е создадена за да прикаже два лика кои се вљубуваат и копнеат за блискост. Двајцата актери, очигледно, се однесуваат во рамките на сцената, со меѓусебна почит и професионализам“, пишуваше во изјавата.

Сцена од филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Sony Pictures / Everett / Profimedia

Адвокатите на Лајвли веднаш реагираа на видеото, велејќи дека тоа го потврдува сè што кажала актерката.

„Секој момент беше импровизиран од страна на господинот Балдони, без договор или дозвола, и без присуство на координатор за интимност“, рекоа тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот