
ФОТО | Сопругот на познатата српска пејачка починал од глад и студ, а една од трагедиите таа ја доживеала во Скопје
Српската пејачка Снежана Мишковиќ Викторија има безвременски хитови кои се вистински евергрини. Но, нејзиниот живот го одбележаа болни и предизвикувачки искуства. Во законски брак била само еднаш, а нејзиниот прв сопруг починал од глад.
Препорачано
По само 10 дена додворување, тие одлучиле да се венчаат во 1982 година. Нивниот набрзина склопен брак донел и свои проблеми, кои кулминирале со разводот девет години подоцна. Музичарката бракот го опишала како целосен распад на системот.
View this post on Instagram
Таа нагласила дека нејзиниот сопруг во тоа време бил растргнат меѓу сопругата, родителите и дрогата.
– Кога ме се јавија за неговата смрт, многу плачев. Кога дознав дека е лага, тој не се јави. Се криеше од долговите. Сфатив дека нема враќање и се разведовме во 1993 година. Оттогаш изгубивме секаков контакт – рекла тогаш Викторија, осврнувајќи се на тажната вест што ја слушнала во 2011 година.
View this post on Instagram
Нејзиниот прв сопруг бил откриен во засолниште, откако починал како бездомник.
– Пред неколку месеци ми јавија дека починал на најстрашниот можен начин. Како бездомник, без дијагноза, а починал од студ и глад. Не се предозирал, ниту пиел алкохол – рекла пејачката.
Викторија ниту подоцна немала среќа во љубовта. Иако ја реализирала својата голема желба и се остварила во улогата на мајка, следела тешка битка за старателството над ќерката Тара.
Како што раскажала, нејзиниот поранешен партнер се обидел да ги оспори нејзините способноси и квалитети како мајка. Викторија, исто така, подоцна доживеала голема трагедија. Доживеала спонтан абортус ден по настап во Скопје, го загубила бебето.
Викторија, по неколкуте големи несреќи, целосно се повлекла од јавноста.