Софија Вергара / Фото: Instagram / sofiavergara

ФОТО | Софија Вергара секси и со лузна: Го подигна тесниот фустан и го покажа коленото по операцијата

Софија Вергара (52) во последно време целосно е фокусирана на своите професионални проекти, па на социјалните мрежи се пофали дека снима во Мадрид. Додека позираше актерката ја покажа својата лузна од операцијата на коленото.

Имено, таа сподели фотографии на својот инстаграм-профил каде за време на снимањето правела пауза кога високо го кренала белиот, тесен фустан. Длабокиот прорез на фустанот на левата нога го поместила на страна, па во преден план била лузната на коленото кое неодамна го оперирала.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Актерката во средината на април откри дека направила операција на коленото и моментално се опоравува.

Инаку, Вергара не им открила на следбениците зошто отишла на операција, но открила дека за неа се грижи нејзиното ново момче, ортопедскиот хирург Џастин Салиман.

– Ако некогаш имате голема операција на коленото, погрижете се да имате „жежок“ лекар кој ќе спие со вас таа вечер – напиша таа тогаш.

ФОТО | Бисери, дијаманти и деколтеа: Модата на годинашното издание на наградите Еми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот