
ФОТО | Со години се шпекулираше дека Чарлс не е татко на Хари: Но, една фотографија од 1957 година ја откри вистината
Како да нема доволно проблеми во кралското семејство, па повторно се поведе темата за тоа, кој е татко на принцот Хари. Бракот на принцезата Дајана и кралот Чарлс беше проследен со низа контроверзии низ години, а некои од нив се актуелни и денес.
Препорачано
Имено, покрај изневерувањето и љубовниот триаголник меѓу Камила, Чарлс и Дајана, се споменуваше и тоа дека кралот Чарсл не е татко на принцот Хари.
Ова беше особено нагласено поради неговата црвена коса и брада, кои не личеа на изгледот на кралот Чарлс. Злите јазици тврдеа дека Дајана го имала Хари со еден од нејзините љубовници и дека токму поради тоа Чарлс има влошени односи со својот помлад син во текот на целиот свој живот.
Со години се шпекулираше дека Чарлс не е татко на принцот Хари: Конечно, една фотографија од 1957 година ја откри вистината.
Хари директно ја спомена гласината во своите мемоари, пишувајќи:
„Читателите на таблоиди ја обожаваа идејата дека помладиот син на Чарлс всушност не е негов син. Никогаш не се заморија од таа шега“.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи се појави фотографија направена во 1957 година за насловната страница на списанието „Париз Меч“. Авторот на книга за кралското семејство, Крис Џексон, ја објави на својот Инстаграм, со што јасно даде до знаење дека Хари е копија на својот дедо, принцот Филип.
Кога е направена оваа фотографија, принцот Филип имал 36 години.