Фото: Wikimedia Commons / Printskrin / Instagram

ФОТО | Олимписката шампионка има 42 години и тврди дека е девица: Пристигна во Париз да го прослави роденденот

Американската атлетичарка трипати освои олимписки медал, но колку што има среќа во спортот, нема среќа во љубовта

Уште во 2012 година, кога американската атлетичарка Лоло Џонс на социјалната мрежа Твитер (сега Икс) објави дека е девица, сите беа изненадени. И покрај фактот дека оттогаш поминаа 12 години, ситуацијата сè уште не е променета. Лоло, наводно, сè уште е невина.

 


Лоло Џонс, една од најубавите, но и најпознатите американски спортистки, пред неколку дена наполни 42 години. Има тело и убавина на којашто можат да ѝ позавидат двојно помлади девојки. Оваа дама популарноста ја должи не само на успесите во светот на атлетиката, туку и на својата помалку контроверзна личност и нејзината несекојдневна одлука да чека до бракот на првиот интимен однос.

Ова признание своевремено ја шокираше американската јавност, а и покрај тоа што оттогаш поминаа неколку години ситуацијата и понатаму не се сменила, Лоло е сè уште „невина“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Оваа трикратна олимписка шампионка е неверојатно атрактивна и често го истакнува својот сексапил на социјалните мрежи.

– Се обидував да бидам во врска со луѓе од различни општествени сфери, дури и со колеги – атлетичари, но сето тоа секогаш завршуваше со раскинување и со моето скршено срце. Одлучив да имам односи дури кога ќе стапам во брак, но никако не можам да го пронајдам вистинскиот маж – изјави атлетичарката пред неколку години.

Лоло исто така изјави дека јавното признавање на овој факт било грешка и дека ги „убило сите нејзини излегувања со мажи“ како и да веќе немала шанси. Со оглед на тоа дека Лоло е мошне отворена, таа на инстаграм сподели дека и е скршено срцето и дека осум месеци залудно се допишувала и комуницирала со човек кој ѝ испраќал мешовити сигнали.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Во еден момент ми зборуваше дека сака брак и деца со мене, а потоа продолжуваше да ме држи во пријателска зона. Тешко ми е во срцето. Исцрпена сум од рандевуа – се пожали таа на публиката.

– Постојано се молам на Господ да ми испрати побожен човек. Со години се молев и во солзи го молев Господ да најдам сопруг. Дури се молев и таа желба да ми ја тргне од моето срце, ако не ми е судено да се омажам. Но, како што поминуваат годините, така сè посилно сакам да имам маж и деца, мое сопствено семејство. Но, срцето постојано ми е скршено. Често ме задеваат поради мојата одлука да немам секс пред брак. Мажите ми испраќаат пораки дека сум стара и дека треба да завршам со ова. Тогаш почнувам да плачам. Каде си Боже? – изјавила Лоло.

Убавата спортистка им порачала на другите „девици“ дека ова е најтешката работа што ја направила во својот живот.

– Потешко е отколку тренирањето за Олимписките игри. Потешко беше да останеш „невина“ пред бракот отколку да завршиш факултет. Бев во искушение, имав многу шанси – рекла Лоло.

Лоло Џонс сега е во Париз на Олимписките игри. Таа го продуцира своето прво меѓународно ТВ-шоу со олимпијци.

Во понеделникот таа го прослави 42-от роденден во Париз со своите пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!