Загадено во Скопје / Фото: Слободен печат

ФОТО | Скопје утрово едвај се гледа, какви отрови завршија во воздухот по пожарите?

Утрово Скопје е прекриено со магла. Воздухот е загаден, покажуваат податоците на веб-страницата IQAir.

Според фотографиите утрово од Водно, кои до „Слободен печат“ ги испрати редовен читател, Скопје едвај се гледа.

Загадено во Скопје / Фото: Слободен печат
Загадено во Скопје / Фото: Слободен печат
Загадено во Скопје / Фото: Слободен печат

Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево, покажуваат зголемување на сите параметри за два до три пати од дозволеното, а јаглерод моноксидот, чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3.

Директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, најави дека в петок ќе се знае какви тешки метали има во воздухот во Скопје.

„Поставени се мерни станици за да го следиме дневното ниво на квалитетот на воздухот, за да се знае колку се безбедни граѓаните во близина на пожарот“, рече Гиновска.

Вчера од Институтот за јавно здравје информираа дека нема загадување по големиот пожар во Трубарево. Не се пронајдени отстапувања на вредностите по земените примероци од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност.

Сè е нормално околу местото на пожарот во Трубарево, тврди ИЈЗ: Нема загадување

Министерството за здравство вчера соопшти дека имале 13 интервенции од Итната медицинска помош во текот на изминатата ноќ, заклучно со попладнето, во реонот на Трубарево. Едно лице било транспортирано во болница и извршен бил транспорт на неподвижно лице до друго населено место.

Итната помош извршила 13 интервенции во Трубарево – жена завршила на Токсикологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот