Фото: EPA/JASON SZENES

ФОТО | Скандал од епски размери: Производителот на „Барби“ рекламира сајт за возрасни, заштитете ги вашите деца!

Филмот „Злобница“ кој публиката го чека со години, ќе се прикажува во кината ширум светот на крајот на ноември. Дејството на филмот се одвива во земјата Оз, пред доаѓањето на Дороти Гејл од Канзас, а главните улоги ги толкуваат популарната пејачка Аријана Гранде и Синтија Ериво.

Филмот ја раскажува не раскажаната приказна за вештерките на Оз, Елфаба е млада жена, со необично зелена боја на кожа, која сè уште не ја открила својата вистинска моќ, како и за Галинда, популарна млада жена опсипана внимание и полна доста амбициозна, но кој не го открила своето вистинско срце. Продуцентите направија и специјална промо кампања за овој филм со многу компании, кои продаваат специјални производи во розова и зелена боја.

Американската компанија „Мател“, која е позната по производството на најпродаваната кукла во светот Барби, предизвика скандал од епски размери. Имено, на кутиите кои доаѓаат со куклите создадени по ликовите од овој филм, испечатен е погрешен сајт. Клиентите биле шокирани кога виделе дека страницата што ја рекламираат не е филмска, туку порнографска. Ова ги шокираше родителите ширум светот.

Компанијата „Мател“ излезе со официјално соопштение, им се извини на родителите за грешката и нагласи дека страницата што ја рекламираат „не е соодветна за деца“.

„Длабоко жалиме за оваа грешка и презедовме итни мерки за да ја коригираме. Ги советуваме клиентите кои веќе го купиле производот да ја фрлат амбалажата илио трстранат грешката, а за дополнителни информации можете да ја контактирате нашата поддршка“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот