
ФОТО | Скандал го тресе данското кралско семејство: Принцот Јоаким лудо вљубен во својата снаа, принцезата Мери
Данското кралско семејство е во центарот на скандалот! Последните неколку дена се драматични за кралското семејство – откако данската кралица Маргрет Втора (82) пред десетина дена објави дека ќе ги одземе титули принц и принцеза на четири од нејзините внуци. Станува збор за децата на помладиот син Јоаким – Николај (23), Феликс (20), Хенрик (13) и Атина (10).
Препорачано
View this post on Instagram
Оваа одлука не се однесува за децата на нејзиниот најстар син и престолонаследник Фредерик – принцот Кристијан (16), принцезата Изабела (15) и близнаците – принцот Винсент и принцезата Џозефина (11).
Одземањето на титулите го разочара и го налути принцот Јоаким, кој тврди дека неговите деца се вознемирени откако го изгубиле идентитетот што го имале цел живот. Сите четворица ќе станат грофови, односно грофици од 1 јануари 2023 година.
Среде овој скандал, Јоаким (53) и неговата втора сопруга, принцезата Мари (46) признаа дека имаат „комплициран однос“ со престолонаследникот Фредерик (54), постариот брат и со неговата сопруга, принцезата Мери (50).
View this post on Instagram
Медиумите наведуваат дека причината за расколот е фактот што Јоаким „бил лудо вљубен во својата снаа Мери“, пренесува шпанскиот портал „Ванитатис Елконфиденсиал“.
Шведскиот женски неделник „Свенск Дамтиднинг“ дури објави и фотографија на која наводно се гледа како Јоаким се обидува да ја бакне сопругата на својот брат на една гала свеченост.
„Очигледно пијан, се чини дека Јоаким, најмладиот син на кралицата Маргрет се обиде да ги допре усните на својата снаа, иако таа се тргна од патот колку што можеше, не тргнувајќи ја насмевката од лицето, а Мари беше сведок на срамниот момент“, пишува овој магазин.
View this post on Instagram
Исто така, во текстот се сугерира и дека данските медиуми набргу по венчавката на Фредерик и Мери во 2004 година, почнале да шпекулираат дека Јоаким е вљубен во својата снаа.
„Не помогна тоа што во 2007 година ја објави својата свршувачка со Французинката (принцезата Мари) со исто име и неверојатна физичка сличност“, пишуваат Швеѓаните, истакнувајќи дека Маргрет барала принцезите Мери и Мари заедно да излегуваат и да се појавуваат за да покажат дека меѓу нив нема лоша крв.
Во меѓувреме, кралицата Маргрет истакна дека жали што го повредила своето семејство со „тешката одлука“, но продолжи да инсистира дека тоа е вистинскиот избор. Данските кралски коментатори тврдат дека таквото јавно извинување е „многу необично“ и дека покажува колку е сериозен конфликтот во семејството.
View this post on Instagram
Тие додале дека кралицата веројатно стравува дека јавноста ќе ја означи како „ледена кралица“ по емотивните испади на принцот Јоаким во кои тој истакнуваше колку се повредени неговите деца.
ФОТО | По повод јубилејниот роденден, принцезата Мери од Данска блесна во сино