Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

ФОТО | Славниот актер пристигна во Кан и сѐ запре: Сите се прашуваат дали Том Круз има „нешто во ракавот“ овој пат

Пред три години Том Круз се појави на Канскиот филмски фестивал откако го сними филмот „Топ Ган: Маверик“ кој ги сруши сите рекорди,  денеска тој повторно се појави на оваа престижна манифертација овој пат по снимањето на филмот „Невозможна мисија – Конечно соочување“.

Најновото продолжение на „Невозможна мисија“ на Кристофер Меквори е најголемиот холивудски блокбастер што пристигна во Кан оваа година.

Пред вечервашната премиера, Круз, Меквори и глумечката екипа позираа за фотографите, додека голем дел од публиката се надеваше дека ќе добие внимание од Круз.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Потоа Маквори одржа говор, но немаше прес-конференција за филмот, што па така Круз и останатите не се соочија со прашања од новинарите.

– Она што го знам за долгогодишната работа со него е дека Том е секогаш ученик. Тој е желен да учи од луѓето околу него. Друг плус е што Круз сака да ги овластува визијата на оние околу него – истакна режисерот.

Круз ја доби почесната Златна палма на фестивалот во 2022 година, а премиерата на „Топ Ган: Маверик“ вклучуваше импресивен надлет со авион.

Сите се прашуваат дали 62-годишниот Круз овој пат има „нешто во ракавот“ овој пат за Кан.

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Потсетуваме, во неделата, Круз се искачи на покривот на Британскиот филмски институт во Лондон, еден од најголемите во светот, кој моментално е украсен со огромна реклама за најновото продолжение од неговата шпионска франшиза, „Мисија: Невозможна – Конечно соочување“.

Круз доби важна награда во Лондон и се упати кон Кан

„Невозможна мисија – Последици“ ќе се појави во кината на 23 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот