Ема Стоун на Филмскиот фестивал во Венеција/Фото: Anna Maria Tinghino/Geisler-Fotopress, Geisler-Fotopress GmbH / Alamy / Profimedia

ФОТО | Сите гледаа во нејзиниот фустан: Ема Стоун изненади со враќањето на речиси заборавен тренд во Венеција

Холивудската актерка Ема Стоун блесна на премиерата на „Бугонија“ на Филмскиот фестивал во Венеција, а нејзиниот фустан привлече доста внимание.

Во софистицирана креација на „Луј Витон“, стилизирана од Петра Фланери, Ема Стоун го подигна Y2K трендот балон-работ на елегантно, повисоко модно ниво на премиерата на „Бугонија“ на Филмскиот фестивал во Венеција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


За свечената премиерата на „Бугонија“, Ема Стоун носеше фустан со тенки, со кристали опточени прерамки и квадратно деколте, додека тесниот корсет го нагласуваа сребрени и бели светкави апликации во аголни мотиви. Високо поставената линија на половината се отвора во слоевит балон-раб, под кој здолништето продолжува во тесна колона што го допира црвениот тепих, поврзувајќи го волуменот со издолжен, вечерен профил.

Стилистката Петра Фланери, позната по своите соработки со Зои Салдана и Кери Кондон, осмислила минималистички пристап кон накитот, истакнувајќи само еден коктел прстен.

Балон-работ, волуменозен нагласен раб што не останува незабележан, кој е повторно во мода поттикнат од инспирациите од Y2K, доби луксузна и современа форма во интерпретацијата на Ема. Слоевитиот горен раб носи игра на пропорции и движење, додека линеарната колона подолу обезбедува чиста линија и јасност на силуетата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLE Australia (@elleaus)


Инаку, Ема Стоун е амбасадор на „Луј Витон“ од 2017 година, а неодамна, заедно со Хојеон Јунг, се појави во кампањата за есен 2025 година, која ја лансираше новата чанта „Експрес“.

Во текот на појавувањата во Венеција, оскаровката беше видена и во дневното издание во мал црн фустан со асиметрично чипкасто здолниште, потврдувајќи ја нејзината склоност кон структурирани слоеви и прецизни кроеви.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valta (@valta.media)


Што се однесува до филмот, „Бугонија“ (Bugonia) е најновата соработка помеѓу Ема Стоун и Јоргос Лантимос. Филмот следи двајца теоретичари на заговор кои киднапираат моќен извршен директор, убедени дека е испратен вонземјанин да ја уништи планетата, најавувајќи сатиричен, жанровски хибрид.

ВИДЕО | „Бугонија“ доби шестминутни овации во Венеција: На Ема Стоун веќе ѝ предвидуваат трет Оскар

ФОТО | Џулија Робертс издоминира на црвениот тепих во Венеција: Повеќе од 300 часа беа потребни за изработка на нејзиниот фустан

ФОТО+ВИДЕО | Длабоко деколте и тетоважи: „Вамп“ издание на Парис Џексон на Венецијанскиот филмски фестивал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот