Фото: Принтскрин/Twitter

ФОТО | Шон Пен е во Украина: Оскаровецот снима документарен филм за инвазијата на Русија

Светски познатиот актер и режисер Шон Пен е на терен во Украина и снима документарен филм за инвазијата на Русија, потврдија од студиото „Vice“ за весникот „Variety“. Оскаровецот денеска дојде на брифинг со новинарите во главниот град на Украина, Киев, и ги слушаше владините претставници кои зборуваа за кризата.

Пен последен пат ја посети Украина во ноември 2021 и почна да се подготвува за документарниот филм со посета на украинската војска. Фотографиите од ноемвриското патување на Пен беа објавени во тоа време од Украинската прес-служба за операции на здружените сили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revista In Foco (@revistainfoco)

„Пен ја посети Канцеларијата на претседателот и разговараше со заменик-премиерката Ирина Верешчук, како и со локални новинари и членови на украинската војска, откако пристигна во Украина оваа недела“, објави „Newsweek“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Art Bureau ⚪️ (@art_bureau__)

Кабинетот на претседателот на Украина објави соопштение преку украинската амбасада во кое го пофали оскаровецот актер и режисер.

„Режисерот специјално дојде во Киев за да ги сними сите настани што моментално се случуваат во Украина и да му ја каже на светот вистината за руската инвазија на нашата земја“, се вели во соопштението. „Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за таквото покажување храброст и чесност“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава:

„Шон Пен демонстрира храброст што им недостигаше на многу други, особено на некои западни политичари. Колку повеќе такви луѓе – вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода – толку побрзо можеме да ја запреме оваа грозоморна инвазија на Русија“.

Пен беше во центарот на многу антивоени и хуманитарни операции низ годините. Документарниот филм „Граѓанинот Пен“ на „Дискавери Плус“ од 2020 беше за напорите на актерот во основањето на непрофитната организација КОРЕ (CORE), по земјотресите на Хаити во 2010. КОРЕ распореди и тимови за да помогне со тестирањето за ковид-19 и вакцинирање низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот