Фото: Profimedia

ФОТО | Шерил Кол „тежи“ 48 милиони долари, а нејзиниот брат е бездомник: Славната пејачка му помагала безброј пати

Богатството на познатата пејачка Шерил Кол (38) се проценува на 48 милиони долари, а нејзиниот брат Ендру Твиди е бездомник и е принуден да проси на улица.

Ендру (41) за британските медиуми открил дека со славната сестра, која своевремено му платила 27.000 долари за одвикнување од зависноста од дрога, не разговарал со години и дека најверојатно таа не ни знае во колку тешка ситуација се наоѓа.


Просам тука три месеци и тоа ми го крши срцето. Имам толку голема гордост. Со семејството што го имам, не би требало да бидам тука. Ужасно е. Никој од нив не ми се јавува. Иако Шерил не ми помага, таа сепак и понатаму е мое семејство. Веројатно не ни знае дека сум на улица. Воопшто не ја обвинувам, ова е најниското што можев да паднам изјавил тој за „The Sun“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cheryl (@cherylofficial)


Ендру зад себе има долга историја на насилно однесување и зависност од алкохол и дрога. Тој живее во шатор во еден англиски град со пријател што го запознал на улица, а вели дека останал без дом откако раскинал со својата девојка на почетокот на оваа година. Има и син од една од претходните врски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cheryl (@cherylofficial)


Во 2011 година, тој завршил во затвор шест години за вооружен грабеж, а во 2005 година, исто така, за грабеж, бил осуден на четири години затвор. Во својот прв грабеж учествувал во 1996 година кога имал само 13 години, а потоа, поради напад на двајца ученици, бил сместен во поправен дом шест години. Поради престојот во затвор, ја пропуштил венчавката на неговата сестра со фудбалерот Ешли Кол во 2006 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cheryl (@cherylofficial)

Шерил никогаш не зборувала јавно за проблемите на својот брат, но познато е дека му помагала во борбата со зависностите.

Шерил сака да ми помогне, но јас премногу пропаднав. Знам дека тоа ѝ го крши срцето, но не сум доволно силен за да се средам. Ми се плаче кога ќе помислам колку голема болка ѝ нанесувам на сестра ми. Ѝ реков дека треба да се срами од мене, но таа ме сака и не сака да се откаже од мене, рекол тој во интервјуто од 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот