
ФОТО | Се сеќавате на „најубавото девојче на светот“? Ги остави сите „без здив“ на Модната недела во Париз
Тилан Блондо, која пред осумнаесет години ја доби титулата „најубаво девојче на светот“, повторно го привлече вниманието на светската јавност.
Препорачано
Деновиве беше фотографирана на Модната недела во Париз, каде што присуствуваше на ревија на позната модна куќа, облечена во елегантно кафеаво одело кое совршено ја истакнуваше нејзината фигура.
Под сакото носеше бел топ, а комбинацијата ја надополни со високи потпетици во иста нијанса и нежна сребрена огрлица. Со брановидна коса и природен изглед, младата манекенка зрачеше со самодоверба и отменост.


Нејзиното појавување во Париз дојде само неколку дена откако јавно реагираше на обвинувањата дека направила естетски интервенции. На своите следбеници им порача дека никогаш не коригирала ништо на своето лице и дека е уморна од постојаните шпекулации.
„Знам дека оваа генерација сака сè да прави многу рано, но јас никогаш не сум направила ништо. Ако ги погледнете моите фотографии од детството, ќе видите дека ништо не се сменило. Луѓето сакаат да споредуваат и да измислуваат. Само затоа што користам шминка не значи дека сум правела усни или лице. Веќе од десет години слушам исти приказни – време е тоа да престане“, напиша Тилан.
Да потсетиме, Тилан е ќерка на поранешниот француски фудбалер Патрик Блондо и телевизиската водителка Вероник Лубри. Славата ја стекна уште како мало девојче, кога на тригодишна возраст ја забележа моден агент и ја покани да прошета на писта.

Со насловната страница за детското издание на списанието „Вог“, Тилан стана сензација и ја доби титулата „најубаво девојче на светот“. Оттогаш нејзината кариера се движи само нагоре – соработувала со најпознатите светски модни куќи и брендови, меѓу кои се и „Версаче“, „Долче и Габана“, „Лореал“ и „Ралф Лорен“.
Денес живее во Париз, каде што покрај манекенството, гради и сопствен бизнис во областа на модата и убавината.
Во едно интервју, таа изјави дека не сака повеќе да ја следи детската титула: „Дури и денес ми велат: ‘Ти си најубавата девојка на светот’, а јас одговарам: ‘Не, јас сум само човек’“.

Откако стана полнолетна, Блондо отворено проговори и за својата здравствена борба. Пред неколку години откри дека имала повеќе операции поради цисти на јајниците.
„Првата операција ја имав кога една циста ми пукна. Подоцна болките се вратија, но ми рекоа дека е психичка болка. Подоцна, друг лекар откри циста поголема од пет сантиметри и морав итно на операција. Научив дека никогаш не треба да ја игнорираме болката – дури и најмала може да биде знак за нешто сериозно“, сподели таа.