Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

ФОТО | Се сеќавате на Џошуа од филмот „Животот е убав“: Еве како денес изгледа по 25 години

Пред 25 години беше снимен италијанскиот филм „Животот е убав“ кој никого не остави рамнодушен. Тажната судбина на еврејското семејство во логорот расплака многумина, а Џорџо Кантарини или попознат како малечкиот и палав Џошуа стекна посебна популарност.

Момчето кое го глумеше синот на Роберто Бенињи имаше само пет години, а филмот доби Оскар. Џорџо играше во уште еден наградуван филм – „Гладијатор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgio Cantarini (@giorgiocantarini)


Во меѓувреме се обидел да ја продолжи кариерата во Америка, но не го постигнал успехот од детството. Тој донесе одлука да се врати во Италија за време на избувнувањето на пандемијата предизвикана од корона вирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgio Cantarini (@giorgiocantarini)


За време на пандемијата, тој одлучи да волонтира во телефонски центар кој ги следи контактите на заразените со Ковид-19.

Денес главно игра во театар, а може да се каже дека сè уште наликува на момчето кое го толкуваше во култниот филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот