Фото: PacificCoastNews / Pacific coast news/ Profimedia

ФОТО | Се омажи најстарата ќерка на Раде Шербеџија: Гордиот татко ја одведе до олтарот

Нина Шербеџија, најстарата ќерка на легендарниот актер Раде Шербеџија и режисерката Ленка Удовички, го кажа судбоносното „да“, на својот долгогодишен партнер, актерот Филип Ѓуричиќ.

Заљубената двојка се венча во Нови Сад, каде беше организирана и свадбената веселба. Нина носеше долга, раскошна венчаница, а нејзиниот татко ја одведе до олтарот.

Фото: Принтскрин/ Твитер

На фотографиите од венчавката се забележува дека семејството и гостите уживаат и се забавуваат во добра музика. Дел од гостите дури и свиреле на тапани и гајди.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Нејзините сестри Луција, Вања и Милица и братот Данило биле едни од највеселите, а поради добрата забава и на останатите им било тешко да седат. Во еден миг во чест на својата ќерка, Раде запеал со многу емоции.

Фото: Принтскрин/ Твитер

По интимната, свадбена церемонија до доцните часови се славело со тамбураши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот