Лијам Пејн / Фото: Profimedia

ФОТО | Се огласи семејството на Лијам Пејн: „Срцата ни се скршени, ве молиме за приватност“

Британскиот пејач Лијам Пејн, кој стекна светска слава со музичката група „Уан дајрекшн“, почина на 31-годишна возраст на 16 октомври, откако падна од третиот кат на хотелот „КасаСур Палермо“ во Буенос Аирес, Аргентина.

Сега се огласи неговото семејство, кое објави соопштение до јавноста.

„Срцата ни се скршени. Лијам ќе живее засекогаш во нашите срца и ќе го паметиме по неговата љубезна, смешна и храбра душа. Ние се поддржуваме меѓусебно најдобро што можеме како семејство и бараме приватност во овој ужасен период“, соопшти семејството, а пренесе Би-би-си.

„Дејли мејл“ објави дека семејството било уништено и собрано во семејната куќа во Вулверхемптон.

„Целосно сме уништени од веста“, велат тие.

Рано утрово во куќата пристигнале сестрите на пејачот – Никола и Рут.

Да потсетиме, Лијам Пејн пораснал во Вулверхемптон, во хармонична семејна средина која му ја создале мајка му Карен и татко му Џеф.

Пред девет недели, Џеф објави симпатична слика од својот син и неговото куче и напиша: „Те сакам синко“. Денеска има бројни коментари со сочувство под оваа објава.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот