
ФОТО | Сара Фергусон се огласи за Кејт Мидлтон: Како некој што се соочува со рак, јас сум воодушевена од неа
Сара Фергусон, војвотката од Јорк и поранешна сопруга на принцот Ендру, јавно испрати порака за поддршка на Кејт Мидлтон, која минатата недела објави дека има рак.
Препорачано
„Моите мисли и молитви се со принцезата од Велс додека го започнува своето лекување. Знам дека ќе биде опкружена со љубовта на нејзиното семејство и сите се молат за најдобар исход. Како некој кој се справува со сопствената битка со ракот во последниве месеци, јас сум воодушевена од начинот на кој јавно зборуваше за нејзината дијагноза“, напиша Фегусон во објавата на Инстаграм.
На крајот, таа додаде дека се надева дека принцезата сега ќе добие „време, простор и приватност“ за заздравување.

Да потсетиме, на Сара Фергусон ѝ беше дијагностициран рак на кожата пред два месеци, само шест месеци откако беше лекувана од рак на дојка.
На Фергусон ѝ беше дијагностициран малигнен меланом (форма на рак на кожата) откако ѝ беа отстранети неколку бенки, но едната се покажала како канцерогена.
Портпаролот на Фергусон тогаш изјави дека војвотката не го изгубила духот и покрај дијагнозата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
43мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5