Profimedia

ФОТО | Само овие седум жени имаат посебна привилегија пред папата

При официјални посети на Ватикан или приватна аудиенција кај папата, непишано правило е жените да доаѓаат облечени во црно. Црната боја симболизира почит, понизност и сериозност пред светиот отец. Сепак, според протоколот на Ватикан, постои многу редок исклучок познат како привилегија на белото (il privilegio del bianco), што дозволува само избрани жени да носат бело пред папата.

Денес ова право го имаат само седум жени во светот, а тоа се католички кралици и принцези од европските кралски куќи Шпанија, Белгија, Луксембург и Монако.

Во Шпанија поранешната кралица Софија, која се сретнала со последните пет папи имала право да носи бело.

Кралицата Софија со папата Жан Пол втори / Profimedia

По абдикацијата на кралот Хуан Карлос, правото премина во рацете на кралицата Летиција, која за прв пат облече бело кога се сретна со папата неколку месеци откако стана кралица во 2014 година. Сепак, важно е да се напомене дека носењето бело не е задолжително – кралиците и принцезите со привилегија сами одлучуваат дали сакаат да носат бело.

Папата Франциск со кралицата Летиција и кралот Фелипе  /  Profimedia

Така, на пример, принцезата Шарлин од Монако, сопругата на принцот Алберт, иако има право да носи бело, последниот пат одлучила да носи црно, иако во минатото веќе носела бело.

Принцот Алберт од Монако и принцезата Шарлен на средба со патата Францис/Profimedia
Принцот Алберт од Монако и принцезата Шарлен на средба со патата Францис/Profimedia

 

Истото важи и за големата војвотка Марија Тереза ​​од Луксембург, која и покрај правото стекнато со бракот во 2000 година, избрала традиционална црна облека за средба со папата.

Оваа чест ја има и белгиското кралско семејство – право да носат бело имаат поранешната кралица Паола и сегашната кралица Матилда, кои го посетија папата Франциско во средината на септември 2023 година.

Но, привилегијата е строго резервирана само за католичките владетели и сопругите на католичките монарси. На пример, иако холандската кралица Максима остана католик откако се омажи за протестантскиот принц Вилем-Александар, таа нема право да носи бело пред папата.

Кралот Вилем Александар и кралицата Максима со папата  / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот