
ФОТО | Салма Хаек ги покажа бујните гради во жолто бикини, но се пошегува и на своја сметка
Холивудската актерка Салма Хаек (57) уште еднаш ги воодушеви обожавателите со објава на Инстаграм. Таа редовно споделува фотографии на кои се гледа со проседа коса, без шминка или во секојдневни домашни изданија.
Препорачано
Атрактивната Салма привлече големо внимание на социјалните мрежи објавувајќи фотографии во жолто бикини. Во таа прилика, актерката се пошегува на сметка на своите бели влакна на косата.
„Жолти бикини + бела коса = совршена комбинација“, напишала таа покрај фотографиите на кои се гледаат нејзините седи влакна додека позира со знаме на јахта на Ибица.

Очекувано, коментарите и овој пат не изостанаа. Манекенката Линда Евангелиста (која инаку беше во врска со сопругот на Салма и имаат син), на нејзината објава на Инстаграм веднаш одговори со три жолти срца, а шминкерот Еш К. Холм ја нарече „жешка“. Објавата им се допадна на повеќе од милион луѓе.

Салма Хаек и претходно ги покажуваше белите влакна на косата, а како што тврди, таа не се подложила на ниеден естетски зафат. Бидејќи со години го привлекува вниманието со својот природен изглед, актерката рекла и дека не користела ботокс.
Инаку, Салма веќе 15 години е во брак со 61-годишниот француски милијардер Франсоа-Анри Пино, со кој ја има 17-годишната ќерка Валентина.
ФОТО: Селма Хаек на градите истетовира големи цветови, сончогледи!
ВИДЕО | „Цензурирано“: Селма Хаек со секси танц ги збудали фановите