Фото: Принтскрин / Instagram

ФОТО | Резултатите се повеќе од видливи: Ивона Јо ослабе 41 килограм, направи моќна тетоважа и освојува со својот изглед и моден избор

Поминаа повеќе три месеци од операцијата во Турција, кратење на желудник која нашата млада пејачка и инфлуенсерка Ивона Ивановиќ од Куманово попозната како Ивона Јо ја направи со цел за поздрав и поудобен живот.

Ивона Јо е една прекрасна млада дама која нема проблем да зборува за себе, за своите успеси и падови, емоционални и физички транзиции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Ивона со години мотивира и инспирира на социјалните мрежи, споделувајќи лични искуства, помагајќи им на другите полесно и побрзо да се соочат со „своите демони“, да се сакаат и да се борат да видат нова и подобра верзија од самите себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Една од најважните работи која не сум ги знаела за себе е огромната потреба за љубов која секојдневно сум ја имала а ниту еднаш вистински не сум си ја пружила. Веќе подолго време ритуал и мое секојдневие е љубовта и грижата која и е потреба на Ивона. Силно се прегрнувам секој ден и славам ко да утре не постои… Затоа и секој 26 датум од месецот велам дека ми е роденден. Нов роденден. Нова јас. И да, почнувам да и простувам на Ивона. Ивона која не знаела зошто а ни како.
Ивона поради која денес јас сум ова што сум. Те сакам, стои во описот на една од фотографии на младата пејачка и инфлуенсерка на кои позира разголена чувствувајќи се удобно во сопственото тело.

РАЗГОВОР СО ИВОНА ЈО: Време беше да го тргнам фокусот од мојата тежина

Младата пејачка и инфлуенсерка за повеќе од три месеци успеа да намали 41 килограм, а прекрасната промена ја овековечи со прекрасни фотографии, пред и потоа на кои изгледа неодоливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Пејачката објави воодушевувачки фотографии, пред операцијата и како изгледа денес, гордо покажувајќи ги лузните од истата.

ИВОНА ЈО НА КРАТЕЊЕ НА ЖЕЛУДНИКОТ ВО ТУРЦИЈА: На пат кон здрава верзија на себеси

Ивона блесна на последните фотографии кои ги сподели со своите фанови. Пејачката позираше облечена во неодолив стајлин и тоа црвени панталони, впечатлива наметка и краток корсет кој ја открива нејзината нова фигура.


Ивона Јо која имаше операција на желудникот пред 3 месеци – изгуби 41 кг. Добре дојдовте во вашиот нов живот, Ивона. Ви посакувам здрав живот, е пораката која пејачката си ја посака сама на себе и стои во описот на прекрасните фотографии кои ги сподели со своите бројни фанови.

Пејачката на својата последна објава се пофали со нова моќна тетоважа која ја направи на своето деколте и врат. „Само нежно према себи“ се зборовите кои се истетовирани на деколтето на пејачката, а на на нејзиниот врат е истетовиран зборот „промена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Целиот пат е долг, на некои моменти стрмен и бара внимание, посветеност и МНОГУ ЉУБОВ КОН СЕБЕ. Само нежно кон себе! – стои во описот на објавата на која пејачката гордо ја покажува својата нова тетоважа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот