Фото: Принтскрин / Фејсбук

ФОТО | Ребека и сопругот завршија со повреди на рацете – сите им посакуваат побрзо закрепнување, а тие се шегуваат на своја сметка

Ребека Јанковска-Ристески која остави белег во македонската музика, честопати знае да споделува моменти од својот приватен живот на социјалните мрежи.

Овој пат таа и нејзиниот сопруг Милан, на Фејсбук објавија фотографија каде може да видиме дека се здобиле со повреда на рацете. Имено, левата рака на Ребека е во лонгета, а пак на нејзиниот сопруг – десната рака.

Набрзо откако ја споделија оваа фотографија, нивните следбеници и пријатели во коментарите им посакува брзо закрепнување.

„Вистинска љубов е кога и во најтешките моменти двајцата се потпираат еден на друг“; „Со лесно, гулапчиња“; „Е, ова е љубов, златни и во добро и во лошо“, беа некои од коментарите.

Иако тие не открија како се повредиле, со објавата покажаа дека не очајуваат и се пошегуваа на своја сметка.

„Што ти се вика љубов, едниот вози со својата здрава рака, другиот менува брзини со својата здрава рака… Како што би рекле браќа Срби, заручени смо!!!“, напиша Милан покрај фотографијата.

Во коментарите и Ребека се пошегува за моменталната ситуација и напиша: „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жива и здрава“.

Интервју со Ребека Јанковска-Ристески, пејачка: Утрата кај баба ми и дедо ми за Велигден и денес ми се најубавиот спомен за празникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот