Селена Гомез, Џена Ортега и Сидни Свини - Фото: EPA

ФОТО | Раскош, гламур и смели модни избори: Познатите дами блеснаа на црвениот тепих на наградите Еми

На синоќешното доделување на наградите Еми, црвениот тепих не разочара, а ѕвездите сервираа раскош, гламур и смели модни избори. Од архивски скапоцености до новини од високата мода, сите најдоа начин да блеснат во својот полн сјај.

Црвениот тепих на Еми 2025 експлодираше синоќа со гламурозни изгледи, неочекувани модни изданија и беспрекорно избрани парчиња што оставаа без здив.

Секоја ѕвезда донесе своја верзија на елеганција, а стилистите го направија секој аутфит само по себе уметничко дело.

Џена Ортега – Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

Џена Ортега се појави во креација на „Живанши“ и уште еднаш докажа дека сака да ризикува, носејќи драматичен топ покриен со камења и бисери што изгледаше како уметничка инсталација, во комбинација со елегантно црно здолниште.

Селена Гомез – Фото: EPA/JILL CONNELLY

Селена Гомез се одлучи за елеганција во огнено црвен фустан од Луј Витон, со едноставна силуета, но со впечатлив крој што додаваше доза на гламур.

Кетрин Зета-Џонс – Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

Кетрин Зета-Џонс се одлучи за црна, суптилно транспарентна креација од Јара Шумејкер, која ја истакна нејзината фигура и нејзиниот софистициран сексапил.

Сидни Свини – Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

Сидни Свини го избра Оскар де ла Рента, црвен сатенски фустан со драпирани детали на деколтето, со кој внесе стар холивудски шарм во модерен изглед.

Рита Ора – Фото: EPA/JILL CONNELLY

Рита Ора блескаше во бел фустан од Миу Миу со длабоко деколте и висок шлиц, комбинација која зрачи со сензуалност и дрскост.

Кејт Бланшет – Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

Кејт Бланшет, икона на стилот, пристигна во црно кадифено одело од Армани Приве со транспарентни детали и светкав ревер, во кое успеа да спои моќ и гламур во еден изглед.

Црвениот тепих на Еми наградите уште еднаш покажа дека телевизиските ѕвезди можат да се натпреваруваат со оние од филмските фестивали, модата и драмата секогаш одат рака под рака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот