
ФОТО | Расел Кроу е далеку од секс – симбол: Што остана од градијаторот Максимус?
Познатиот австралиски глумец од новозеландско потекло, продуцент и музичар, Расел Кроу, се здоби со светска популарност за неговата улога како римскиот војсководец Максимус Децимус Меридиј во филмот „Гладојатор“, во 2001 година се закити со Оскар додека жените лудуваа по неговото мускулесто тело.
Препорачано
Расел, сепак, денес изгледа поинаку и е далеку од секс – симбол. Актерот беше фотографиран на тениско игралиште со 26 години помлада девојка, агентот за недвижности Бритни Териот.
View this post on Instagram
Парот заедно одигра натпревар на едно од нивните омилени места, а папараците го овековечија и моментот кога славниот актер отиде на страна да запали цигара и да се освежи со пијалок.
View this post on Instagram
Кога завршија со тренинзите, не можеа да ги контролираат страстите, па си разменија нежности.
Фотографите го снимија и моментот кога актерот го смени дуксерот, а стомакот се појави во прв план.
View this post on Instagram
Иако во последните неколку години ослабна придржувајќи се до посебна диета, масните наслаги на стомакот сè уште се видливи.
Сепак, тој ја скрати косата и брадата и изгледа попривлечно од претходно.
View this post on Instagram
Странските медиуми еднаш напишаа дека Расел се срамел да ја напушти куќата, а причината е неговиот изглед.
Тој сака да му се покаже на светот само кога неговото тело ќе изгледа малку подобро. Се срамел од тие негови фотографии со стомакот. „Сака да јаде, особено стекови и брза храна. Тешко му е да премине на поздрав начин на живот“, рекоа неименувани извори за „Page Six“ минатата година.
View this post on Instagram
Инаку, последната година се шпекулираше за врската помеѓу Расел и Бритни, кои заедно се појавија во филмот „Скршен град“ во 2013 година, а романсата ја потврдија во ноември минатата година.
Јавноста често коментира дека младата девојка на актерот е копија на неговата поранешна сопруга Даниела Спенсер, од која се разведе во 2018 година по 15 години брак.
View this post on Instagram
Поранешниот пар ги има синовите Тенисон и Чарлс, а Расел беше тој што тешко го прифати разводот од Даниела.