Фото: Инстаграм/Бети Котовчевска

ФОТО | „Радувај се Македонијо“: Ледената Бетика се искачи на Алпите и го развиори македонското знаме

Ресенчанката Бети Котовчевска, која на македонската јавност ѝ е позната како „ледената Бетика“ и девојката која се капе во екстремно студени води, успеа да се искачи Алпите во Франција, со експедиција организирана од екстремниот холандски атлетичар Вим Хоф.

Инаку нашата Македонка е најмладата на оваа експедиција, која ја предводеше инструкторот Леандре Омеир.

Вчера (5 февруари) тимот успеа да го исполни екстремниот предизвик, а нашата „ледена Бетика“ го развори македонското знаме.

„Радувај се Македонијо, Бетика штотуку ги искачи Алпите во шорц. Исто така, Бетика беше најмладата личност на ова експедиција!

Каков прекрасен ден да веруваме во себеси, да веруваме во нашиот потенцијал и сила, да се истражуваме себеси и да ги рушиме сите граници!

Вечно благодарна!

Денеска само најсилно си ја гушнав мојата мала Бети и ѝ реков: ‘Кралице, успеавме’“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Бети Котовчевска
Фото: Инстаграм/Бети Котовчевска
Фото: Инстаграм/Бети Котовчевска

Разговор со Бети Котовчевска: Македонката која се капе во студени води, личен рекорд ѝ е минус 33 степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!