Данската кралица Мери / Фото: EPA-EFE/IDA MARIE ODGAARD DENMARK OUT

ФОТО | Прво појавување на данската кралицата Мери: Продолжува со кралските ангажмани, откако се повлече поради неоткриена болест

Минатата недела, данската кралица Мери објави дека нема да може да присуствува на церемонијата на доделување на наградите на „Здружението за срце“ во Копенхаген, а палатата како причина за нејзиното откажување наведе неоткриена болест. Меѓутоа, по краток период на опоравување, Мери ги продолжи своите кралски должности.

Оваа недела 53-годишната кралица се појави во едно предградие на Копенхаген во училиште, а судејќи според фотографиите направени тој ден, Мери изгледала среќно и здраво.

Кралицата Мери, беше облечена во целосно црно и топло завиткана поради студената данска пролет. Училиштето го посети како дел од нејзината иницијатива „Училишни сили“ која се бори против врсничко насилство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Fonden (@mary_fonden)

Инаку, минатата неделa во изјава за данската БТ, палатата соопшти: „Нејзиното височество кралицата, како и многу други во моментот, се разболе и затоа, за жал, не може да присуствува на церемонијата на наградите на ‘Здружението за срце’“.

За да покаже дека сè уште го поддржува целиот настан, кралицата Мери објави фотографии на Инстаграм од живописните цртежи што ги добила, како и прекрасен букет со желба за побрзо оздравување.

„Ви благодариме за вниманието. Какво прекрасно изненадување да го добијам овој букет и цртежи, иако болеста ме спречи да учествувам на настанот на ‘Здружението за срце’“, напиша таа во описот.

Таа, исто така, го откажа своето појавување на настан за нејзината истоимена добротворна организација, Фондацијата Мери, на Универзитетот во Копенхаген во петокот.

Данската кралица Мери принудена да ги откаже сите јавни ангажмани поради неочекувана болест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот