
ФОТО | Прва фотосесија со сите деца: Адријана Лима со провокативна фотосесија за кинескиот „Вог“
Бразилската манекенка Адријана Лима повторно е во центарот на вниманието – посилна, поелегантна и посамоуверена од кога било досега. Таа блеска на три различни насловни страници за јулското издание на кинеското издание на „Вог“ за 2025 година, секоја раскажувајќи посебна приказна за убавина и женска сила низ објективот на фотографот Цицијан Ванг.
Препорачано
На првата фотографија, Лима носи спортски костим за капење во портокалова боја, комбиниран со јакна, додека со смирена самодоверба полева градина. На втората, лежи на плажа облечена во мрежесто боди, зрачејќи со мирен и продорен поглед. На третата насловна, Лима изгледа моќно и заводливо – со црна ракавица и влажен, сјаен стил на коса.



Интересно е и дека за првпат застана пред фото-објективот со сите пет деца – двете ќерки кои ги има со Марко Јариќ, синот и ќерката на нејзиниот сопруг Андре Лемерс и нивното единствено заедничко дете, синчето Сајен.

Откако пред две години се врати на модната сцена по кратка пауза, овие фотографии само ја потврдуваат нејзината беспрекорна форма и непроменето влијание во светот на модата.





Стајлингот и креативната насока се дело на Лиу Сјао. Шминката ја потпишува Каро Канкас, која создаде природен и негуван изглед, додека фризурата со „влажен“ ефект е дело на Јуња Накашима.