Фото: Инстаграм/Едина Муса

ФОТО | „Прв роденден како мој тато“: Едина Муса сподели симпатична фотографија со синот Максим од роденденот на Мачка

Поранешниот македонски кошаркар Александар Димитровски – Мачка го прослави својот 45. роденден во друштво на најблиските, но и на најновиот член на неговото семејство – синот Максим.

На социјалните мрежи, неговата сопруга Едина Муса сподели неколку фотографии од нивниот продолжен викенд, на кои се гледаат моменти исполнети со љубов, топлина и семејна среќа.

„Среќен прв роденден како мој тато“, напиша Муса во описот на фотографијата на која Мачка го држи малечкиот Максим во рацете, со широка насмевка на лицето.

Фото: Инстаграм/Едина Муса
Фото: Инстаграм/Едина Муса

Парот стапи во брак во ноември минатата година, а нивното синче се роди во февруари оваа година. Ова е прво дете за Едина, а Александар од претходниот брак со пејачката Тамара Тодевска има уште две деца.

ВИДЕО | Едина Муса: „Со дисциплина и борба, три месеци по породувањето повторно ја вратив својата сила“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот