Протест на Независниот синдикат на полицијата (НСП) / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

ФОТО | Протест на Независниот синдикат на полицијата: „Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска излезе на протест пред судовите во Скопје, на кој побараа да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.

Протест на Независниот синдикат на полицијата (НСП) / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

– Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови од Битола и Гостивар, што го потврдуваат нашето барање – велат од Независниот синдикат на полицијата.

Протест на Независниот синдикат на полицијата (НСП) / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Според најавите, по обраќањата учесниците на протестот ќе се упатат пеш кон Судскиот совет.

Протест на Независниот синдикат на полицијата (НСП) / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот