Фото: Инстаграм/Принцот и принцезата од Велс

ФОТО | Принцот Луис го слави петтиот роденден: Кралското семејство сподели нови фотографии од слаткото момче

Најмалиот син на принцот Вилијам и принцезата Кетрин, принцот Луис денеска го слави својот петти роденден, објави „Би-би-си“.

По тој повод, на официјалниот инстаграм-профил на неговите родители беа објавени две негови фотографии. На едната фотографија е сам и со широка насмевка, а на втората фотографија е со неговата мајка, која го турка во количка.

Фото: Инстаграм/Принцот и принцезата од Велс
Фото: Инстаграм/Принцот и принцезата од Велс

Како ново отстапување од традицијата, фотографиите ги направи фотографката Мили Пилкингтон, а не принцезата Кетрин. Фотографиите на неговата мајка, принцезата од Велс, редовно се користат за одбележување на родендените на младите кралски членови.

Претходно оваа недела, принцезата Кетрин објави слика од покојната кралица Елизабета Втора, опкружена со некои од нејзините внуци и правнуци за да го одбележи денот на раѓањето на кралицата.

Имено, 41-годишната принцеза е искусен фотограф и покровител на Кралското фотографско друштво.

Фото: Инстаграм/Принцот и принцезата од Велс

Луис е четврти во редот за тронот по смртта на кралицата Елизабета Втора во септември минатата година.

Според објавите во медиумите, и принцот Луис ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кое ќе се случи на 6 мај. Тој ќе ги придружува братот Џорџ и сестрата Шарлот во поворката од Вестминстерската опатија.

Како потсетување, тој не присуствуваше на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија, бидејќи се сметаше дека е премногу млад за да присуствува на службата со неговите родители.

принцеза шарлот
Принцот Џорџ, принцот Луис и принцезата Шарлот / Фото: CHRIS JACKSON / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот