Морган Фриман на отворањето на Светското првенство во фудбал 2022 / Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

ФОТО | Причината е трагична: Морган Фриман носеше само една ракавица на трогателниот настап во Катар

Легендарниот американски актер Морган Фриман синоќа со трогателен настап го надополни отворањето на Светското првенство во Катар. Во текот на својот говор со пораката за единство и заедништво, тој носеше само една ракавица, а зад сето тоа се крие трагична причина.

Фримен синоќа привлече големо внимание во јавноста во текот на говорот на отворањето на Светското првенство во Катар, каде на сцената му се придружи и амбасадорот на спектаклот Ганим Ал Муфтах.


Но, освен трогателната порака којашто актерот ѝ ја испрати на јавноста, некои ја забележаа и ракавицата што оскаровецот ја носеше само на левата рака. Зад сетоа тоа се крие тажна и трагична причина.

Имено, станува збор за компресивна ракавица која 85-годишниот актер-ветеран ја носи со години, откако пред 14 години по сообраќајна несреќа му остана парализирана левата рака.

Иако актерот ја носи со години, инаку вешто ја крие раката, па дури и самата ракавица, овој пат одлучил да ја задржи на свеченото отворање на Светското првенство, поради што особено го привлече вниманието на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Super Stadiums (@superstadiums)


Фримен се здоби со сериозни повреди по несреќата во 2008 година и имаше среќа што остана жив. Неговиот автомобил, кој неколкупати се превртел, завршил во ендек, додека актерот со хеликоптер бил однесен од местото на несреќата.

Фримен сè уште трпи постојани болки од хроничната мускулна состојба – фибромијалгија, која произлегува од скршеното рамо што го претрпел во несреќа. Неговата рака се здоби со сериозно оштетување на нервите, што дури и лекарите не успеаја да го поправат, а компресивната ракавица се користи за одржување на протокот на крв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот