Фото: Profimedia

ФОТО | Премиера на новиот филм: Кристен Стјуарт се појави во минијатурно боди кое едвај ѝ го покри меѓуножјето

Американската актерка Кристен Стјуарт (33) присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „Љубов, лаги, крварење“ („Love Lies Bleeding“) во Беверли Хилс.

Стјуарт ги изненади присутните со својот невообичаен изглед, облечена само во црно боди кое едвај ѝ го покриваше меѓуножјето, проѕирни црни хулахопки и црни потпетици. Таа лежерно ја тргна црната јакна од рамениците и ја врза косата во неуредна, но елегантна пунџа.

Фото: Emma McIntyre / Getty images / Profimedia
Фото: Chelsea Lauren / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Љубов, лаги, крварење“ е романтичен трилер во режија на Роуз Глас со Кристен Стјуарт, Кети О’Брајан, Џена Мелоун, Ана Баришников, Дејв Франко и Ед Харис во главните улоги.

Филмот ја раскажува приказната на сопственичката на теретана Лу (Кристен Стјуарт), која се вљубува во Џеки (Кети О’Брајан), бодибилдерка која минува низ градот на пат да се натпреварува во Лас Вегас. Нивната страсна љубовна приказна добива мрачен пресврт и тие се заплеткуваат во криминалната мрежа на семејството на Лу, при што Ед Харис, Дејв Франко и Џена Мелоун ги играат нејзините братучеди.

„Тоа е насилен филм. Насилството може да биде многу забавно во филмовите. Имавме неверојатни визуелни ефекти и акробации, а звукот беше генијален. Секој оддел даде сè од себе“, изјави Глас пред публиката на филмскиот фестивал „Санденс“.

Овој изглед на Кристен Стјуарт на црвениот тепих дојде откако таа се отвори за реакциите на нејзината насловна страница на „Ролинг стоун“.

„Постоењето на женското тело, кое наметнува секаков вид сексуалност, што не е исклучиво за стрејт мажи е нешто со кое на луѓето не им е многу удобно, и затоа сум многу среќна поради тоа“, изјави актерката за „Холивуд репортер“.


Актерката позираше во машки гаќи и направи впечатлива „машка поза“ додека теретаната е во втор план.

„Десничарите се згрозени од нашата насловна страна со Кристен Стјуарт“, пишуваат од „Ролинг стоун“, мислејќи на актерката која позираше во кожна јакна без ракави и машки гаќи.

Американската актерка, која се идентификува како бисексуалка, смета дека работите се развиваат и се движат напред и дека времето кога некои филмови ги дефиниравме како „квир“ е минато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот