
ФОТО | Последните фотографии од Шенон Доерти: Во прегратките на близок пријател, слаба, со широка насмевка на лицето…
Актерката Шенон Доерти, позната како Бренда од серијата „Беверли Хилс, 90210“ (Beverly Hills, 90210), почина на 53-годишна возраст, по долга борба со ракот.
Препорачано
„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста. Посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, таа беше опкружена со своите најблиски, како и со своето куче Боуви. Семејството замолува за приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, потврди нејзината публицистка Лесли Слоун.
Шенон долги години се бореше со ракот на дојката, кој, како што рече во 2023 година, се проширил на нејзиниот мозок. Затоа, актерката не се појавуваше во јавноста често, а нејзините последни фотографии во јавноста се направени пред неполн месец.

Доерти била излезена со својот близок пријател Крис Кортаз, кој на фотографиите ја прегрнал со едната рака. Шенон имала насмевка на лицето, облечена лежерно и со капа на главата, носела големо ќесе в раце, а пријателот ја допратил до автомобилот.

Покрај серијата „Беверли Хилс, 90210“, Шенон ќе остане запаметена и по улогата во хит серијата „Волшебнички“ (Charmed).

Шенон Доерти го обвини поранешниот маж: „Моите пари за лекување ги потроши на својата љубовница“