Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ има нова девојка: Таа „тежи“ милиони, а доаѓа од Италија…

Приватниот живот на претприемачот Тони Бијелиќ повторно е во центарот на медиумското внимание откако регионалните портали открија дека познатиот бизнисмен започнал нова љубовна врска.

Поранешниот сопруг на српската пејачка Драгана Мирковиќ, Тони Бијелиќ започна нова романса со која моментално ужива, дознава српски „Телеграф“.

Имено, како што открил извор близок до Бијелиќ за српски „Телеграф“, станува збор за 45-годишна Италијанка.

Бијелиќ ужива со многу богата жена, а љубовта се случила сосема спонтано во Романија, каде што се запознале.

– Таа е многу богата, поточно, милионерка е. Љубовта се роди сосема непланирано, избувнала во текот на нивната прва средба во Романија. Тие се запознале преку заеднички пријатели. Сега уживаат, далеку од очите на јавноста – изјавил извор за „Телеграф“.

Двајцата престојувале и во луксузната вила на Тони во Опатија, која ја изградил пред неколку години, а во која се вселил откако се разделил од Драгана Мирковиќ и го напуштил замокот во Виена.

Тони Бијелиќ се огласи вчера и со својата објава во екот на приказните за новата љубов, ја заинтригира јавноста.

Тој сподели фотографија од Букурешт, каде што во моментот престојува, уживајќи со милионерката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, Драгана со соопштение ја информираше јавноста дека се разведува од Тони, со кого доби две деца – ќерката Мануела и синот Марко:

„Како некој што целиот свој живот го изградил врз чесност, чувствувам морална обврска денес да се обратам до целата јавност. Со голема тага морам да ве известам дека поднесов барање за развод. Долго време, мојот однос со Тони не беше како порано, а во последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, заради моето семејство и затоа што сум воспитана на тој начин, направив сè за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Сепак, со текот на времето, таа разлика стана поголема и сфатив дека им нанесуваме поголема штета на нашите најблиски со тоа што насилно остануваме во нешто што не функционира долго време, отколку со тоа што ставаме крај на нашиот брак.“

Тони сè уште не се развел од Драгана Мирковиќ, проблемот е поделбата на милионскиот имот што го стекнале во текот на бракот.

Драгана Мирковиќ се разведува по 23 години брак: Направив сѐ да ја сочувам нашата заедница

Нови детали за разводот на Драгана Мирковиќ: Три години не живеат заедно, а нејзиниот сопруг веќе има нова девојка во Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот