Фото: Instagram / kolinda_gk

ФОТО | Поранешната хрватска претседателка блесна во фустан од 2.000 евра: Ја истакна витката линија на настан во Њујорк

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, привлече големо внимание со својот моден избор за присуството на „Глобал ситизен авордс“ (Global Citizen Awards) во Њујорк, каде што моментално се наоѓа.

Имено, Колинда носеше фустан од брендот „Еделајн Ли“ во боја на лимета, чија цена е 1.914,11 евра, како што може да се најде на официјалната страница на оваа куќа.

Фото: Инстаграм / kolinda_gk

Фустанот е долг и со долги ракави, со јака и копчиеа од напред, како и ремен на половината. Копчињата и токата се бели, а заедно со овој префинет модел, Колинда носеше дискретни обетки и фризура за сите пригоди, секогаш елегантна – коса собрана во пунџа.

Фото: Инстаграм / kolinda_gk

Покрај елегантниот и ефективен фустан, поранешната претседателка го привлече вниманието и со витката фигура која одлично ја одржува откако ослабе околу 30 килограми, но и со тоа што се најде во посебно друштво.

Фото: Инстаграм / kolinda_gk

На една фотографија таа позираше со Илон Маск, сопственик на социјалната мрежа „Х“ и ко-основач и директор на компанијата „Тесла“.

ВИДЕО+ФОТО | Ева Мендес призна дека со години го бричи лицето: „Многу сум влакнеста“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!