
ФОТО: Поранешен фудбалер на Јувентус учествувал во голема сообраќајна несреќа
Поранешниот холандски репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Елиор Елија учествувал во голема сообраќајна несреќа во Холандија во која биле вклучени уште три автомобили.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во сообраќајката било уништено неговото Ламбургини вредно 310.000 еврра, а несреќата се случила во саботата околу 21:45 часот. Елија во изјава за холандските медиуми истакна дека автомобилите пред него на автопатот одеднаш запреле, а потоа тој не успеал да запре и удрил во нив.
Исто така додаде и дека возилата не дале никаков знак дека ќе запираат.
„Сообраќајот пред мене одеднааш запре, не успеав да застанам. Возев по дел на улицата кој вообичаено е мирен во тоа време. Одеднаш видов дека пред мене возилата стојат. Се обидов да застанам, но се излизгав. Единствено што можев да направам е да избегнам удар во автомобилот директно пред мене. Малку го заобиколив и го удрив повеќе од страната“, објасни Елија.
Поради сообраќајката автопатот бил затворен за движење цели три часа.
Во својата професионална кариера Елија настапуваше уште за: Твенте, ХСВ, Вердер, Фејенорд, Башакшехир, Утрехт, Саутемптон и Ден Хаг каде што ја заврши кариерата во 2022 година. Токму таму денес работи како помошник тренер во тимот до 21 година.
За репрезентацијата на Холандија собра 30 натпревари.
Nu online: voormalig profvoetballer Eljero Elia betrokken bij aanrijding op de #A4 bij #Leiden. https://t.co/TjAWgCV9hL pic.twitter.com/ktFG8VEiLa
— Regio15.nl (@regio15) October 4, 2025