Инстаграм

ФОТО: Погледнете ја оваа невообичаена инфлуенсерка која може да го промени светот и воведе „нова нормала“!

Доколку го погледнете инстаграм-профилот на Им ќе видите дека таа изгледа како и секое друго човечко суштество, но ќе погрешите.

инстаграм

Им има повеќе од 300.000 следбеници на Инстаграм кои секојдневно ги следат нејзините објави каде рекламира брендови како Ферагамо, снима за модните едиторијали и учествува во предизвиците на ТикТок.

инстаграм

Виртуелните инфлуенсери и пред пандемијагта имаа големо влијание на социјалните мрежи. Според експертите, се очекува дека брендовите ќе потрошат околу 15 милијарди долари на маркетинг инфлуенсери до 2022 година, за разлика од минaтогодишните 8 милијарди.

инстаграм

Ова е особено важно за компаниите, бидејќи тие заработуваат пари во време кога вистинските „живи“ sвезди кои претходно биле ангажирани се ограничени поради коронавирусот.

инстаграм

Се поголем дел од тие пари ги заработуваат виртуелни инфлуенсери, а традицоналниот маркетинг доживува вистински поместувања.

„Виртуелните инфлуенсери, иако лажни, имаат вистински деловен потенцијал. Долгорочно, поевтино е да се работи со нив отколку со луѓе. 100% можеме да ги контролираме, а може да се појават на повеќе места одеднаш и што е најбитно, никогаш не стареат и не умираат“,  вели еден експерт за маркетинг.

инстаграм

Поради ситуацијата многу големи компании како што е Порше, се свртеа кон промовирање на својот бренд преку инфлуенсери како Им.

Експертите велат дека новите инфлуенсери може да „заработат“ во иднина.

инстаграм

Ова има смисла во бизнисот, но сепак важно е да се разгледа етичката страна за изнајмување роботи да играат луѓе, велат повеќето.

инстаграм

Во склад со технолошкиот напредок луѓето за повеќе професии и работи кои ги вршат добиваат компјутерски генерирани личности или роботи кои ги заменуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!