ФОТО: Погледнете ги сателитските снимки на небото над Украина пред еден месец и сега

Ноќните сателитски снимки објавени од НАСА покажуваат како урбаните делови на Украина се обвиени во темнина од почетокот на инвазијата. Скај њуз ги спореди сателитските снимки од 7 февруари и 7 март (пред два дена).

Сликата на НАСА подолу е направена на 7 февруари 2022 година. Таа покажува како изгледала Украина претходната ноќ, пред еден месец и пред Русија да изврши инвазија на 24 февруари. Групите светла во населените области како што се градовите или на некои значајни патишта на мапата се појавуваат како бели.

Фото: НАСА

За споредба, сликата подолу покажува како изгледала Украина во ноќта на 7 март 2022 година. Сега може да се види само мало количество бело – поголемиот дел од ноќните извори на светлина се изгаснале.

Фото: НАСА

На снимката можеме да го видиме и влијанието на војната врз одредени градови и региони на Украина. Сликите подолу го прикажуваат Киев. Некои области изгледаат заматени на сликата направена на 7 февруари поради облаците. И покрај тоа, главниот град е силно осветлен, со бликање на светлина како спирала. Десетици мали точки го покриваат остатокот од сликата.

Еден месец подоцна целата област е речиси целосно темна. Светлината што доаѓа од градот Киев е значително намалена, а на 7 март се видливи само неколку други светла.

Фото: НАСА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот