Бред Еверт Јанг - Фото: EPA/ALLISON DINNER

ФОТО | Почина познатиот актер серијата „Вовед во анатомија“

Холивудскиот актер и фотограф Бред Еверет Јанг загина во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, изјави неговиот публицист Пол Кристенсен за „Холивуд репортер“.

„Страста на Бред за уметноста и луѓето зад неа беше неспоредлива“, истакнувајќи дека тој „ја живеел својата мисија“ со зачувување на уметноста.

Јанг почина по несреќа кога неговото возило беше удрено од автомобил што се движеше во спротивна насока, потврди неговиот публицист.

Јанг имаше улоги во филмовите „Анатомија“, „Момчето се среќава со светот“ и „Чарлиевите ангели“, но во подоцнежните години стана познат како фотограф на црвениот тепих.

Како фотограф, неговото портфолио вклучуваше фотографии за „Холивуд репортер“, „Венити фер“, „Вог“, „Ел“, „Пипл“ и многу други познати медиуми.

Јанг почна да глуми во 1990-тите, играјќи споредни улоги во хит серии како „Boy Meets World“, „Felicity“, „Grey’s Anatomy“ и „Numb3rs“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот