Profimedia
Фото: Профимедиа

ФОТО: По долго време Џоли излезе со синот на шопинг, но нешто ѝ го наруши пазарењето!

Холивудската актерка Анџелина Џоли последните неколку недели беше зафатена со подготовките за финалната судска пресуда во која ќе се обиде да го добие старателство над шесте деца кои ги има со Бред Пит. Поради тоа подолго време ја нема во јавноста.

За разлика од неа, Бред беше е опуштен, па дури и патуваше во Франција со неговата нова девојка Никол Потуралски.

Но, конечно добивме шанса да ја видиме и Џоли во јавноста.

Фото: Профимедиа

Џоли одеше на шопинг со својот 16-годишен син Пакс во веќе виден црн стајлинг, кој секогаш го бира кога се во прашање нејзините лежерни излегувања со децата. Удобен долг памучен фустан, ефективни влечки со отворена потпетица и затворен преден дел и црна чанта закачена преку рамото, се нејзината непогрешлива комбинација.

Фото: Профимедиа

Но, Енџи не се ни надеваше дека ќе наиде на демонстранти со нејзиниот син среде релаксираниот саботен шопинг.

Имено, при напуштање на центарот, активистите за заштита на животните започнале со своите демонстрации, а тука случајно се нашла и Џоли.

Фото: Профимедиа

Активисти од ПЕТА, здружение за заштита на животните, влегле во продавница за продажба на кашмир, кожа и други материјали со многу агресивен став, а актерката, која и самата понекогаш се залага за правда во светот на животната средина, се обидела да се држи настрана и да не се меша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот