Џеси Џеј - Фото: EPA-EFE/BOGLARKA BODNAR HUNGARY OUT

ФОТО | Пејачката Џеси Џеј соопшти дека го победи ракот 

Џеси Џеј штотуку официјално откри дека нема  рак, само неколку недели откако објави дека ќе прави на операција на градите. Британската пејачка која на 3 јуни објави дека има рак на дојка и дека е оперирана пред помалку од една недела, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажале дека е без рак.

На Инстаграм, во стори, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ дало совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совест. Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, сопругот Ченан Колман и синот Скај.

„Се борев да бидам мајката што бев пред операцијата, чувствував болка пред да заспијам и бев целосно зашеметена од анестезијата и лековите против болки.“

Џеси беше многу оптимистична уште од самиот почеток на нејзината ужасна дијагноза, велејќи им на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлината на крајот од тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.

ВИДЕО | Џеси Џеј го одржа последниот концерт пред да почне со терапијата: „Ќе го победам ракот на дојка!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот