
ФОТО | Памела Андерсон е во центарот на вниманието поради нејзиниот нов имиџ: Смело издание на Модната недела во Париз
Памела Андерсон се појави на модната ревија на брендот Том Форд на Неделата на модата во Париз, а фокусот беше на нејзината нова боја на косата. Имено, по четири децении, актерката ја обои својата препознатлива руса коса во бакарни нијанси.
Препорачано
Андерсон во средата имаше прилично гламурозно појавување во француската престолнина, покажувајќи ја својата нова боја на коса. Својата смела трансформација ја комплетираше со црн фустан без прерамки и лелеава јакна во иста боја, како и темни високи потпетици.
View this post on Instagram
Памела беше цела насмеана додека им мавташе на толпата пред локацијата на шоуто, носејќи очила со принт.
„Дејли мејл“ објави дека оваа нова фризура е за новата улога во филмот, чие снимање ќе започне кратко време по Неделата на модата.
pamela anderson for tom ford’s show at paris fashion week 🖤 pic.twitter.com/qHmHjlKYLW
— 𝑗𝑢𝑙𝑖𝑒 • (@sweetpamelaaa) October 1, 2025
Во нејзиниот нов француски филм, насловен како „Љубовта не е одговорот“, Памела ќе глуми заедно со Стив Куган.
Во текот на изминатите неколку години, Памела доста се промени во однос на имиџот што ја следеше од „Baywatch“. Таа започна со тоа што целосно ја отфрли шминката, преку острата „боб“ фризура на Мет Гала, а неодамна ги откри и своите кадрици како Грејс Кели. Сè започна во 2023 година, кога актерката присуствуваше на Неделата на модата во Париз без шминка – неочекувано контроверзен потег.
„Го правам ова за сите девојки. Имав пастерки во минати врски, а моите синови имаат девојки, и ова беше за нив. Во денешно време, дали воопшто знаеме како изгледа едно лице? Еве го тоа“, рече Памела во тоа време.
https://www.slobodenpecat.mk/sr/video-dzhoni-dep-vo-prvite-redovi-na-revijata-dior-na-modnata-nedela-vo-pariz/