Огнена Костова/Приватна архива/Инстаграм
Огнена Костова/Приватна архива/Инстаграм

ФОТО | Овошно варено вино од Огнена Костова: Топла прегратка што мириса на цимет и кардамом

За денеска, ви препорачуваме еден убав, топол рецепт за варено вино од Огнена Костова. Таа е нутриционистка и вљубеничка во здравата, веганска храна. Своите идеи за hygge скандинавскиот концепт за домот и начинот на живот ги вклопува во својот инстаграм профил од каде и доаѓа и името – hyggnena.

Oвој пат таа ни сподели рецепт за овошно варено вино, задолжително зачинето со портокал и зачини кои ги има по продавниците за здрава храна.

Состојки:

400 мл. суво црвено вино
200 мл. сок од портокал
200 мл. сок од калинка или друг сок по желба или заменете со повеќе вино
50-100 мл. ликер од портокал (може да го изоставите или да додадете уште сок од портокал)
1 портокал, исечен на тенки кругови
2 стапчиња цимет
1 ѕвездест анасон
3-4 зрна кардамом
3-4 каранфилчиња
2 супени лажици агаве сируп (или друг засладувач по желба).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ognena ? (@hyggnena)

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во тенџере и варете на тивок оган, минимум 30 минути, а може и до 3/4 часа. Тенџерето покријте го со капак за да не испарува виното.

Забелешка: од зачините ставете во мали количини и пробајте затоа што се силни. Ако сте навикнати на тие вкусови, слободно ставете дупла доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!