Фото: Media Punch, MediaPunch Inc / Alamy / Profimedia

ФОТО | Откриени се предметите кои Дијана ги ставила во нејзината „временска капсула“: Објавена е целосната содржина

„Временската капсула“ што принцезата Дијана ја закопала во болницата Грејт Ормонд Стрит во 1991 година е отворена, а внатре е пронајдено ЦД со Кајли Миног, калкулатор на сончева енергија и пасош. Дрвената кутија обложена со олово била запечатена за да се одбележи поставувањето на камен-темелникот за зградата на Вариет клубот на болницата, која бил отворен во 1994 година.

Предметите во капсулата имале за цел да го претставуваат животот во 1990-тите. „Временската капсула“ требало да биде ископана по неколку стотини години, но сега се ископува за да се направи место за изградба на детски центар за рак.

Принцезата Дијана ја посетила оваа болница неколку пати пред нејзината смрт. Таа, исто така, им помогнала на неколку деца да изберат предмети што ќе бидат поставени во временската капсула.

ЦД од албумот на Кајли Миног „Ритам на љубовта“ бил еден од предметите што ги избрал тогаш 11-годишниот Дејвид Вотсон. Девојчето Силвија Фолкс избрала колекција британски монети и сад со пет семиња од дрвја, пишува „Би-би-си“.

Во кутијата имало и копија од весникот „Тајмс“ со датумот на закопувањето на капсулата. Фотографиите објавени од архиварите, исто така, покажуваат одредена штета на предметот, која не е голема.

Оваа капсула била слична како онаа на церемонијата од 1872 година, на која тогашната принцеза Александра го поставила камен-темелникот на болницата. Во нејзината временска капсула била поставена фотографија од кралицата Викторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот