
ФОТО | Откриен мистериозен портрет на жена зад портретот на пријател на Пикасо
Историчарите на уметност кои ја проучуваат сликата на Пабло Пикасо „Портрет на Матеу Фернандес де Сото“ открија мистериозен портрет на жена скриен под нејзината површина.
Препорачано
Над портретот на жената, кој Пикасо го насликал во 1901 година, веројатно неколку месеци подоцна, тој го насликал неговиот пријател скулптор Матеу Фернандез де Сото како седи на маса во нијанси на сина и зелена боја , објави „Си-ен-ен“.
An undiscovered painting by Pablo Picasso of a mysterious woman, hidden for more than a century beneath one of the very first paintings from the artist’s famous Blue Period, has been revealed by conservators at The Courtauld ?
Read more: https://t.co/HtiYbFYZgr pic.twitter.com/2DZr5VyXAt
— The Courtauld (@TheCourtauld) February 10, 2025
Речиси 125 години подоцна, контурите на оригиналниот портрет беа откриени од Институтот за уметност Кортолд во Лондон, кога го испитуваа уметничкото дело користејќи инфрацрвени зраци и рендген пред изложбата.
„Портретот на жената буквално ни се појави пред очи… дел по дел, поради мозаичниот начин на кој инфрацрвената камера ја скенира сликата“, објасни Барнаби Рајт, заменик-директор на галеријата „Корталд“ (Courtauld).
Иако експертите „биле прилично убедени дека има нешто што се крие под површината бидејќи… може да се видат потези со четка… кои всушност не се однесуваат на готовиот портрет“, тие не знаеле што ќе најдат кога ќе почнат да го скенираат, рече Рајт.
Сè уште не се сигурни за идентитетот на жената, иако таа наликува на неколку други жени кои Пикасо ги насликал во Париз во 1901 година, бидејќи ја има препознатливата шињон фризура која била модерна во француската престолнина во тоа време.
„Таа би можела засекогаш да биде некаков анонимен модел“, рече Рајт, додавајќи дека работат на нејзино идентификување.
Според него, можеби била само модел, можеби љубовница, можеби пријателка.
Рендгенските снимки сугерираат дека Пикасо го преработил ова платно можеби три или четири пати, делумно затоа што не можел лесно да си дозволи да купи нови материјали, но и затоа што „јасно е дека… уживал во процесот на трансформирање на една слика во друга “, рече Рајт.
Остатоците од женски портрет се видливи за обученото око.
„Кога ќе дознаете што има под оваа слика… можете многу јасно да видите некои од тие индиции – нејзиното око, нејзиното уво и косата“, рече Рајт.
„Портрет на Метју Фернандез де Сота“ ќе биде изложен во галеријата „Куртаулд“ во Лондон од 14 февруари до 26 мај.