Фото: Принтскрин /Инстаграм

ФОТО | Ново откритие: Камен диск стар 3.000 години во Италија ја открива мистеријата за исчезната ѕвезда од небото

Астрономите открија камен диск за кој веруваат дека е една од најстарите мапи на ноќното небо.

Камениот диск е пронајден во Италија и се верува дека е стар околу 3.000 години.

Фото: Принтскрин / Инстаграм / BBC

Истражувачите од Италијанскиот национален институт за астрофизика (ИНАФ) користеле софтвер за анализа на 29 ознаки на каменот.

Тие веруваат дека повеќето ознаки се совпаѓаат со познатите соѕвездија на најсветлите ѕвезди на небото како Орион, Скорпиус и Касиопеја.

Фото: Принтскрин / Инстаграм / BBC

Каменот е откриен во стара тврдина во североисточна Италија, во близина на втор сличен празен камен за кој истражувачите веруваат дека би можел да биде приказ на сонцето.

Студијата на обележаниот диск открила дека 28 од 29-те ознаки на каменот се чини дека одговараат на положбата на 28 ѕвезди на небото.

Но, немало очигледна врска за 29-тата ознака – и истражувачите рекле дека ова можеби е ѕвезда која се претворила во супернова или црна дупка и која денес веќе не е видлива за нас.

Дијаграмот ја покажува положбата на 24-те ознаки на едната страна од каменот, иако пет други ознаки се пронајдени на другата страна.

„Неидентификуваниот знак ја доведува во прашање целата слика“, напишале авторите на студијата Ферико Бернардини и Паоло Моларо.

„Случајот со неуспешна супернова е навистина интригантен, бидејќи една од техниките за нивната потрага е токму потрагата по исчезнатите ѕвезди на небото во моментот, со користење на слики снимени порано“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм / BBC

Студијата сугерира дека каменот се користел за следење на годишните времиња во текот на целата година.

Но, астрономот Ед Круп се сомнева дали овој камен диск е навистина мапа на ноќното небо.

Зборувајќи за научното списание „Лајф саенс“ (Live Science), тој рекол: „Дали овие ознаки би можеле да претставуваат астеризми? Би можеле“.

Астеризмот е шема на ѕвезди којшто не е соѕвездие.

Г-дин Круп рекол дека не верува дека истражувачите во ИНАФ без сомнение докажале дека камениот диск претставува соѕвездија, додавајќи: „Дали ова е убедливо? Не, не е“.

Очигледно, научниците не можат да се усогласат во врска со ова откритие.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот