Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТО: Ништо од изненадување, Литванија славеше во Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да приреди изненадување и претрпе пораз од Литванија во денешниот натпревар од третото квалификациско коло со 67:82.

Селекторот Александар Јончевски за овој натпревар не можеше да смета на најдобрите: Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Итан Хап и Андреј Јакимовски, а нивното отсуство можеше да се забележи од самиот старт.

Многу брзо Литванија дојде до двоцифрена разлика (2:12). По првата четвртина на семафорот стоеше 9:23.

Литванија продолжи да доминира и во втората четвртина, па така предноста само растеше од „минута во минута“. На пауза предноста на гостите изнесуваше 17 разлика (27:44).

Слична слика на теренот гледавме и по враќањето на кошаркарите на паркетот. Литванија изгледсше сигурно и не дозволиваше Македонија посериозно да се доближи и да ја загрози победата на гостите.

Последмата четвртина беше единствената која Македонија ја доби во своја корист, но тоа беше премалку за некаков пресврт. Веројатно дојде и до опуштање во гостинскиот табот и чувсње на силите за следните предизвици.

Со оглед на катастрофалниот почеток кој го имавме конечниот резултат и не беше така убедлив.

Николов во наште редови се издвојуваше со 18 поени, Војдан додаде 13, а двоцифрен беше уште Крстевски со 10. За Литванците Ечодас постигна 18 поени.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот