Отварање на ЈП Лајка - Скопје, 14 октомври 2020 / Фото: Драган Митреска - Слободен печат.

ФОТО: Неодговорен сопственик двапати го напушта кучето врзано и изгладнето, ЈП „Лајка“ најави кривична постапка

Неодговорен сопственик на германски овчар двапати го напушта кучето, а ЈП „Лајка“ најави дека ќе поведе кривична постапка за мачење на животни.

Како што објави ЈП „Лајка“, по пријава од граѓани за куче кое подолго време било надвор, на 18 октомври годинава го заловиле кучето, а по стандардната проверка констатирале дека кучето има микрочип и веднаш го контактирале сопственикот.

Следниот ден, како што информираат од ЈП „Лајка“ сопственикот го зел кучето и платил за заловување, согласно правилникот за работа на претпријатието.

На 26 октомври, граѓани пријавиле дека има заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда. Екипите на ЈП „Лајка“ констатирале дека се работи за истото куче, германски овчар.

Фото: ЈП „Лајка“, Фејсбук/ Колаж: Слободен печат

Кога пристигнаа на посочената локација, го најдоа истиот германски овчар, напуштен и ВРЗАН во напуштената фабрика. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе – велат од ЈП „Лајка“.

Од претпријатието соопштија дека кучето ќе остане кај нив, сè додека некој не го вдоми, а случајот ќе биде пријавен во Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде поведена кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче.

Кучето не е во најдобра здравствена состојба, се надеваме дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување, велат од ЈП „Лајка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот